"Летечката Мечка": Како се става гориво во "Tu-95ms" при брзина од 550 километри на час

Точка

30/06/2020

18:15

996

Големина на фонт

а а а

Во Амурската област биле одржани тактички вежби за летање во кои учествувале повеќе од 10 стратешки носачи на ракети "Tu-95ms" и танкери "Il-78".

Пилотите во текот на вежбите ракетирале мети на полигонот на Камчатка, а исто така било изведено и дополнување на гориво во воздух. 

Дополнувањето на гориво на стратешкиот носач на ракети се одвивало на висина од преку 6.000 метри, при брзина поголема од 550 километри на час. Тој елемент е еден од најсложените во програмата за летачка обука, а истовремено овозможува значајно зголемување на радиусот на борбата, но и вршење на мисии на голема далечина од базата.

Летовите на екипажот траеле повеќе од осум часа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг