„Нова ТВ“: Родителите на Мицкоски со дијагностициран Ковид-19 хоспитализирани во „Систина“

Точка

30/06/2020

18:00

3.136

Големина на фонт

а а а

Родителите на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се хоспитализирани во приватната болница „Аџибадем Систина“, прнесуваат од „Нова ТВ“ кои што велат дека тоа го дознале од нивни извори од болницата.

Нивните извори велат дека родителите на Мицкоски имаат Ковид-19, но веројатно се примени со други дијагнози како примарни, па се изолирани во посебен дел од болницата и покрај тоа што оттаму се изјаснија дека нема да примаат пациенти со Ковид-19, освен доколку истите претходно не биле примени со друга дијагноза.

Пред 10 дена, Мицкоски во изјава за медиумите потврди дека неговата мајка е позитивна на вирусот, но тогаш се наоѓаше на домашно лекување.

Тој изјави дека не се видел со неа подолго време поради ризикот на кој е изложен од средбите и разговорите со повеќе луѓе, но рече дека сите кои биле во контакт со неа се во самоизолација.

Од болницата нема официјана потврда за оваа информација.

Извор: „Нова ТВ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг