Корона иновација: Овој ѓердан ве потсетува да не го допирате лицето

Точка

30/06/2020

14:22

1.523

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција НАСА објави инструкции за производство на ѓердан со помош на 3D печатач, кој ве потсетува да не го допирате лицето.

Тројца инженери од лабораторијата на НАСА го дизајнирале “Pulse”, ѓердан со сензор за близина кој поседува вибрирачки мотор. Тој мотор се активира секој пат кога ќе ја доближите раката до лицето. Колку прстите се поблиску до главата, толку вибрациите стануваат поинтензивни. 

“Целта на “Pulse” е да се минимизира ширењето на коронавирусот кој може да се пренесе и преку допирање на инфицирани површини со рацете, а потоа допирање на очите, носот или устата”, соопштуваат од НАСА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг