Макрон жестоко ја нападна Турција: Масовно увезуваат џихадисти во Либија, ова е криминална интервенција

Точка

30/06/2020

19:06

1.914

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон ја прозва Турција најжестоко досега, тврдејќи дека Анкара во Либија спроведува криминална интервенција со помош на џихадисти.

Првиот човек на Франција ја обвини Турција за масовен „увоз на џихадисти“ во Либија. Макрон порача дека турската воена интервенција во Либија е криминална.

Тој исто така ја прозва и Русија, конкретно рускиот претседател Владимир Путин поради неговата „амбивалентност“ кон руските платеници кои делуваат на територијата на Либија.


Да потсетиме, Турција пред некоку месеци значително ја зголеми поддршката на силите од Триполи на западот на Либија. Бројни извори откриваат дека Турција, освен што директно интервенира, исто така во оваа земја на северот на Африка испраќа борци од Сирија.

Поради тоа, односите помеѓу Франција и Турција значително се влошија: „Сметам дека ова е историска криминална одговорност на земјата која за себе тврди дека е членка на НАТО Алијансата“.


Францускиот претседател разговараше и со претседателот на Русија, Владимир Путин кон крајот на минатата седмица. Путин за време на разговорот му рекол на Макрон дека припадниците на приватната руска војска „Вагнер“ не ја претставуваат Русија, меѓутоа тие тврдења не го увериле Макрон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг