Сирискиот војник, Јазан Солтани, наеднаш исчезнал откако објавил снимки во кои ѝ изјавува љубов на ќерката на претседателот Башар ал Асад и соопштил дека сака да се венча со неа.
Војникот од армијата на Асад ги игнорирал предупредувањата на многу блиски пријатели и на јавноста за можните последици од објавување на тие снимки во кои ја запросува 16-годишната Зејн Асад.
#SelfieTime with Zein Assad, President #Assad's daughter 📸 pic.twitter.com/m2YyyMLqhO
— Kevork Almassian🇸🇾🇦🇲 (@KevorkAlmassian) January 17, 2018
„Те сакам, навистина те сакам. Луд сум по тебе. Ти си моја и јас сум твој. Биди моја“, вели Солтани во едно видео.
Во друго се појавува во воена униформа и вели дека ќе направи сè за да се венча со неа. Како што се наведува, Солтани исчезнал минатиот вторник, а неговата сестра рекла дека е уапсен.