Сириски војник ѝ изјавил љубов на ќерката на Асад, па исчезнал: „Луд сум по тебе, биди моја“

Точка

29/06/2020

22:03

4.096

Големина на фонт

а а а

Сирискиот војник, Јазан Солтани, наеднаш исчезнал откако објавил снимки во кои ѝ изјавува љубов на ќерката на претседателот Башар ал Асад и соопштил дека сака да се венча со неа.

Војникот од армијата на Асад ги игнорирал предупредувањата на многу блиски пријатели и на јавноста за можните последици од објавување на тие снимки во кои ја запросува 16-годишната Зејн Асад.

„Те сакам, навистина те сакам. Луд сум по тебе. Ти си моја и јас сум твој. Биди моја“, вели Солтани во едно видео.

Во друго се појавува во воена униформа и вели дека ќе направи сè за да се венча со неа. Како што се наведува, Солтани исчезнал минатиот вторник, а неговата сестра рекла дека е уапсен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг