Директорот на СЗО предупредува: „Не сме ни близу до крајот, пандемијата се забрзува“

Точка

29/06/2020

20:20

4.343

Големина на фонт

а а а

„Тешка е реалноста, а ова дури не е ниту блиску до тоа да биде завршено“.

„Пандемијата Ковид-19 не е ни близу од тоа да заврши“ - изјавил денеска на брифингот во Женева директорот на СЗО - Тедрос Абхан Гебрејесус.

„Сите сакаме ова да биде готово. Сите сакаме да продолжиме со нашите животи“ - изјавил Тедрос, пренесуваат од „Ројтерс“.

Според неговите зборови, тешката реалност е тоа што ова не е ниту близу до завршено.


„Иако глобално, многу од земјите постигнаа напредок, пандемијата всушност се забрзува“ - истакнал Тедрос.

СЗО планира да свика состанок оваа седмица за да го процени напредокот во истражувањата за борбата против оваа болест, наведува агенцијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг