Поминаа 12 години од емитувањето на шпанската популарна серија „Серанови“, а актерката Наталија Санчез сега е возрасна жена.
Шпанската пејачка, актерка и модел, Наталија Санчез (30) која што се прослави преку серијата „Серанови“ како девојчето Марија Тереса, наречена Тете - сега е возрасна и венчана жена која што има две деца и притоа ги дои во исто време.
Имено, Наталија е родена на 27-ми март 1990-та година во Севиља во шпанската област Андалузија и веќе сега има обожаватели ширум светот благодарение на една улога.
Шпанската серија „Серанови“ која што беше популарна ширум светот и се емитуваше од 2003-та до 2008-та година ѝ донесе популарност на Наталија поради тоа што токму таа ја толкуваше улогата на 13-годишното девојче во серијата.
Снимањето на серијата заврши пред 12 години, а во меѓувреме актерката се венчала и родила две деца.
Најновата фотографија на Инстаграм ја прикажува токму неа и нејзините две деца кои што ги дои истовремено, а со неа таа предизвикала големо внимание кај јавноста и добила над 68.000 лајкови.
На Инстаграм таа има 369.000 следбеници кои што секојдневно ги коментираат нејзините фотографии и ѝ кажуваат колку е прекрасна.