Концертите се враќаат во Македонија со задолжително носење маски и скратени капацитети

Макфакс

29/06/2020

15:04

1.920

Големина на фонт

а а а

Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Протоколот беше предложен од страна на претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани.

Со протоколот, се дозволува организирање на јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитетот каде што ќе се организира настанот.

Картите ќе се продаваат електронски за да не се прават редици, а носењето на маски ќе биде задолжително.

Во врска со оваа информација, претходно се огласија и од продуцијата „Аволон“, од каде истакнаа дека концертите ќе се одржуваат безбедно, според предвидените протоколи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг