Со месеци се зборува дека е новата девојка на Бред Пит, а актерката сега конечно проговорела за нивниот однос

Кармин

29/06/2020

13:18

4.684

Големина на фонт

а а а

31-годишната актерка и уметница Алија Шокат конечно ја отворила душата и проговорела за односот со холивудскиот актер Бред Пит, со кого ја поврзуваат во последите неколку месеци.

Алија неодамна во интервју за “Vulture” признала дали е во врска со Пит. 

“Не сме пар, ние сме само пријатели”, открила актерката и додала дека не ѝ се допаѓа тоа што постојано е следена од страна на папараци.


“Сето ова ми е премногу. Имам чувство како да стојам гола во училишен ходник и сите гледаат во мене”.

Шокат истакнала и дека се дружела со Бред Пит и за време на карантинот, но помеѓу нив нема ништо друго освен пријателство и не развиле никакви емоции во љубовна смисла.


Извор близок до нив рекол дека Бред и Алија често се дружат бидејќи живеат близу еден до друг, како и дека се запознале преку заеднички пријател и веднаш се зближиле како пријатели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг