Француските научници откриле нов вирус

Точка

29/06/2020

11:51

3.615

Големина на фонт

а а а

Француските научници идентификувале нов вирус во болница во Париз, користејќи се со истата техника со која е откриен коронавирусот, но велат дека нема причини за загриженост дека ќе предизвика слична здравствена криза.

Вирусот е откриен кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и наречен е "Кристоли вирус", според париското преградие Кретил, каде што е идентификуван. 

Научниците велат дека е прерано за заклучоци, бидејќи жената имала неколку болести.

"Се работело за имунокомпромитирана личност, тешко болна и пред појавата на енцефалитис", рекол професорот Жан Мишел Павлотски, шеф на медицинска биологија во болницата Хенри Мондор во Кретил, каде е вирусот откриен.

"Во овој момент ни е познат само тој еден случај. Ако ги има повеќе во иднина, секако дека ќе имаме појасна глетка за тоа каква клиничка слика е поврзана со тој вирус".

Професорот објаснил дека новиот вирус е од сојот ортобуњавирус, од семејството патогени кои обично ги шират комарците.

Вирусот има малку заедничко со причинителот на актуелната пандемија

Откриен е со метагеномика, техника со која кинеските научници го откриле новиот коронавирус. На основа на примероците на телесните течности или ткива, во овој случај од мозокот на пациентката, се секвенционира било која присутна ДНК. На научниците таа метода им овозможува одеднаш да ги идентификуваат сите организми во примерокот.

Но, освен методот на откривање, новиот вирус има малку заеднички работи со причинителот на актуелната пандемија. "Ова е нешто сосема поразлично и, искрено, не знаеме како пациентката го добила вирусот. Претпоставуваме дека со убод на некој инсект, бидејќи таквите типови на вируси се шират на тој начин, но за ова немаме никаков доказ", рекол професорот Павлотски.

Откритието на уште еден нов вирус кратко по коронавирусот е всушност знак на унапредување на методите за индетификација, велат експертите, што во иднина би можело да доведе до откривање на поголем број нови патогени.

"Фактот дека имаме нови вируси не е загрижувачки, тоа е приказна за кругот на животот", рекол шефот на виролошкиот оддел во истата болница, Кристоф Родригез.

"Отсекогаш постојат нови микроорганизми и нови вируси, само претходно не успевавме да ги детектираме. Сега кога сме во состојба да ги откриеме и секвенционираме, можеме да го спречиме нивното потенцијално ширење и да осмислиме начини да ги лечиме", нагласил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг