Секој четврти македонски граѓанин живее денеска и не мисли за утре

Точка

28/06/2020

13:09

2.352

Големина на фонт

а а а

Една четвртина (25 отсто) од македонските граѓани се согласуваат со ставот 'живеј денеска и не мисли за утре', 17 отсто се неутрални по ова прашање, а 51 отсто не се согласуваат со ваков начин на живот.

Ова се дел од резултатите од анкетата на ОЕЦД и ИНФЕ објавени во извештајот „Финансиската писменост на возрасните во Југоисточна Европа“, во кој се мери степенот на финансиска писменост на населението од овој регион.

Според извештајот, анкетираните граѓани од Бугарија, Северна Македонија, Хрватска, Грузија, Молдавија, Црна Гора и Романија се загрижени и под стрес за нивната финансиска состојба и можноста за ги покријат животните трошоци.

Инаку, мерењето на финансиската писменост покажало дека возрасното население од Југоисточна Европа постигнало околу 57 отсто од можниот максимум, што е пониско од постигнатите резултати на земјите од ЕУ и ОЕЦД, добиени преку истата методологија од истражувањата, од 64 и 65 отсто, соодветно.


Од Народната банка велат дека значајно е да се истакне дека оваа публикација ги опфаќа резултатите од второто мерење на нивото на финансиска писменост кај возрасното население во Северна Македонија.

„Имено, населението во Северна Македонија и во 2018-та и во 2019-та година оствари 56 отсто од максимумот, или агрегатен показател 11,8 (од кои 3,9 за финансиските знаења, 5,1 за финансиското однесување и 2,8 за финансиските ставови). Во споредба со структурата на показателот во 2018-та година, има само мали поместувања (во 2018-та година кај финансиските знаења е 4, за финансиското однесување е 5 и исто ниво од 2,8 е за финансиските ставови). Резултатите од првата, како и од втората анкета укажуваат на тоа дека е потребна поголема информираност и едукација на населението за употребата на различните современи банкарски и други финансиски производи и услуги“, соопшти Народната банка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг