Невидлив виновник за депресија и мачнини – недостатокот на овој минерал може ''скапо да ве чини''

Точка

27/06/2020

14:02

6.949

Големина на фонт

а а а

Симптомите најчесто се нетипични и тешко може да се препознае за каков проблем станува збор.

Без него не можеме, затоа што тој е поврзан со над 100 хемиски процеси во телото.

Магнезиумот е минерал чиј недостаток е тешко да се дијагностицира клинички, поради што често се нарекува и ''невидлив симптом''.

Недостатокот на магнезиум ја намалува потребната енергија за закрепнување на мускулите, што освен грчеви може да предизвика и појава на мачнини, повраќање и вртоглавица.


Поврзан е со функцијата на невротрансмитерот во мозокот кој што влијае на помнењето, размислувањето и емоциите. Доколку сте необјасниво тажни и емотивни, можеби ви недостасува токму овој минерал.

Освен тоа, истражувањата покажале дека кај луѓето кои што патат од мигрена пронајдена е пониска концентрација на магнезиум.

Се претпоставува дека недостатокот на овој минерал ја пореметува и функцијата на серотонинските рецептори, што ги зголемува процесите на воспаление во самото тело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг