"CDC" предупредува: Трудниците се во поголем ризик од тежок облик на коронавирусот

Точка

26/06/2020

14:25

1.795

Големина на фонт

а а а

Трудниците имаат зголемен ризик од тежок облик на Ковид-19 во споредба со жените кои не се бремени, рекол лидерот на американскиот Центар за превенција на болести (CDC) Роберт Редфилд.

"CDC" открил дека е поголема веројатноста дека трудниците ќе бидат примени на одделение за интензивна нега и ќе бидат ставени на респиратор. 

Меѓутоа, агенцијата наведува дека трудниците немаат поголем ризик од смрт и додава дека уште нема податоци за тоа како Ковид-19 влијае на резултатот на тие бремености.

Редфилд рекол дека повеќето инфекции меѓу младите може делумно да се припишат на порастот на дијагностицирани болести во таа старосна група, која има помала веројатност за хоспитализација од постарите лица.

"CDC" би можел да ја користи социјалната мрежа "TiKTok" за праќање на предупредувања до младите да одржуваат физичка дистанца, да носат заштитни маски и да избегнуваат собири со голем број на луѓе.

"Овие жаришта кои ги гледаме се значајни и мора да одговориме на нив", рекол Редфилд, укажувајќи на растот на хоспитализацијата во Аризона и Тексас.

"Додека бројот на лица со Ковид-19 опаѓа во држави како Њујорк и Њу Џерси, коронавирусот е во пораст на југот и на западот на САД, откако државите повторно се отвориле. Многу од тие нови случаи се припадници на помладите генерации", рекол Редфилд.

"CDC" наведува дека најмногу се загрозени лицата со сериозни кардиоваскуларни и бубрежни болести, хронично опструктивни болести на белите дробови, гојазни лица, оние кои правеле трансплантација на органи или имаат дијабетес од тип 2. Исто така, загрозени, но помалку, се лица со висок крвен притисок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг