Последица на попуштањето на мерките и протестите: Во САД нагло расте бројот на заразени

Точка

26/06/2020

14:15

1.781

Големина на фонт

а а а

За прв пат во еден ден се регистрирани дури 40 илјади нови случаи во Соединетите Американски Држави.

Само во текот на последните 24 часа забележан е дневен пораст на бројот на новозаразени - за прв пат се регистрирани повеќе од 40 илјади нови случаи на Ковид-19 во еден ден.

Вирусот нагло се шири во неколку американски сојузни држави како Калифорнија, Флорида и Тексас. Доколку трендот продолжи, наскоро Хјустон би можел да стане најтешко погодениот град во САД.


Досега најголем број на случаи беа регистрирани во Њујорк, но таму ситуацијата во последно време се смирува (иако бројот на новозаразени на дневно ниво изнесува околу 900, сепак тоа е за 10 пати помалку од почетокот на април).

Наглиот пораст на новозаразени доаѓа непосредно после ескалацијата на протести ширум САД. Истовремено бројни рестриктивни мерки се укинуваат со цел да се „рестартира“ економијата. Сето тоа, сосема очекувано, придонесува за големиот пораст на нови случаи.


Бројката за среќа, се уште не се одразува на дневниот број на починати како последица на коронавирусот. Моментално на дневно ниво во САД има од 400 до 900 починати како последица на Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг