Жешки наслови од регионот: Расте бројот на новозаразени во Бугарија, нови жаришта и во Хрватска

Точка

26/06/2020

10:49

3.067

Големина на фонт

а а а

Тадиќ бара одговорност поради лажните бројки на заболени и починати од Ковид-19 во Србија, соседна Грција со нова кампања ќе привлекува туристи, во Бугарија 166 новозаболени, словенечкото население старее, но економијата се подобрува.

Србија


1. Борис Тадиќ бара претседателот Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ да одговараат поради лажните бројки на заболени и починати од коронавирусот

2. Легендата на југословенскиот фудбал, Илија Петковиќ е на респиратор и се бори за живот

3. Александар Вучиќ во посета на Брисел

4. Серија на земјотреси во регионот на Кладово

5. Поништени резултатите од изборите во Шабац, Вучиќ се жали дека им ја крадат победата

Грција


1. Нова кампања за туристите: „Уживајте и останете безбедни“

2. Фармацевтскиот гигант „Новартис“ казнет за корупција и подмитување на лекари, болници и клиники во Грција

3. Мицотакис: Грција нуди убавина и безбедност

4. Останува планот за отворање на границите на 1-ви јули

5. Неонацисти го вандализираа графитот на Адетокунбо во Атина

Албанија


1. Рама за обвинението против Хашим Тачи - Оцрнети се имињата на сите Албанци

2. Се менува законот за азил

3. Уапсен граѓанин кој повикувал на убиство на Израелци

4. Албанија меѓу земјите каде најбрзо се шири коронавирусот

5. Фудбалската репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Ерменија на 7-ми октомври

Бугарија


1. Нови 166 заразени од коронавирус

2. Бојко Борисов казнет со 150 евра поради неносење маска

3. Бугарски државјани побегнале од карантин во Италија

4. На Борисов му се заканува истрага поради заканата дека „ќе запали“ европратеничка

5. Финалето на фудбалскиот куп ќе се игра со публика

Хрватска


1. Се појави ново жариште: 133 деца од градинка и нивните родители во карантин

2. Најавено е можно скратување на работното време поради Ковид-19

3. Тенисерката Дона Векиќ застана во одбрана на Ѓоковиќ

4. Поради одлуката за карантин Хрватска ќе остане без околу 2,6 милиони туристички ноќевања

5. Денес се очекуваат најмалку 40 нови случаи, клубовите во Загреб се нови жаришта

Црна Гора


1. Регистрирани се 10 новозаразени со коронавирус

2. Владата ги забрани литиите и политичките собири

3. Поради коронавирусот се воведува полициски час во Рожаје

4. Будуќност е прогласен за шампион во првата фудбалска лига

5. Епилог од нередите во Будва: Уапсени 41 лице, повредени 9 полицајци

Словенија


1. Трговците против законот со кој продавниците нема да работат во недела

2. Задолжително носење на маска во затворени простории и верски објекти

3. Завод за статистика - населението старее, економијата напредува

4. Зголемување од 33% на барањата за азил во 2019-та година

5. Повик упатен во Минхен завршил со спасувачка акција во Словенија




Спонзорирани линкови

Маркетинг