Таткото на Ѓоковиќ контра Димитров: Тој наштети на Хрватска, Србија и нашето семејство

Макфакс

24/06/2020

12:02

1.850

Големина на фонт

а а а

Фијаското на тениската „Адрија турнеја“ и позитивните тестови на КОВИД-19 на Новак Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Виктор Троицки и Григор Димитров предизвика „земјотрес“ во светот на тенисот и главната вина повеќето светски медиуми ја префрлија на светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ, поради неговата улога како организатор, но неговиот татко вели дека е виновен само еден човек – Григор Димитров.

Според српските медиуми, Димитров не се чувствувал добро уште на турнирот во Белград, но двапати одбивал да се тестира на корона вирусот, пред од Задар да се врати во својот дом во Монако, од каде потврди дека е позитивен на вирусот.

„Зошто се случи тоа? Бидејќи еден човек пристигна болен којзнае од каде. Не се тестираше тука, туку на друго место. Мислам дека тоа не е во ред. Нанесе голема штета на Хрватска, на Србија и на нашето семејство. Никому не му е добро поради оваа ситуација, но тоа е што е. Мораме да излеземе посилни, да сфатиме дека ова ќе помине, но дека мораме да се заштитиме“, вели Срѓан Ѓоковиќ во интервју за хрватскиот „РТЛ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг