Како овој тинејџер од својата соба го откри изгубениот град на древните Маи: „Едноставно сакав да ја докажам таа теза“

Точка

20/06/2020

15:07

6.392

Големина на фонт

а а а

По 4 години, светот сè уште е воодушевен од успехот на Вилијам Гадори од Квебек, но сепак научниците имаат поразлично мислење.

Неверојатното откритие на Гадори и понатаму го воодушевува светот – поминаа четири години откако тинејџерот преку Google Maps го откри изгубениот град на Маите, а никогаш во животот не чекорел во Мексико.

Комбинирајќи ја љубовта кон небото и фасцинантноста на календарот на Маите за крајот на светот, 15-годишниот Вилијам ги искористил сателитските снимки и ѕвездената мапа, па дошол до своето откритие.

Овој тинејџер верувал дека локацијата на градот на Маите би можела да се поклопува со ѕвездената консталација, а бидејќи анализирал 22 древни мапи и ги споредил со сателитските снимки, открил дека градовите на Маите одговараат на позициите на најсјајните ѕвезди.

Помош од вселенската агенција

Вилијам тогаш, како што објаснил, открил 23 соѕвездија со три ѕвезди, а едно од нив го поврзал со локација на границата на Мексико и Белизе и изгубениот град K’aak Chi, односно Огнена уста.

Само една година претходно, младиот археолог аматер успеал да се поврзе со канадската вселенска агенција и тие му дале пристап до снимките од споменатата локација со „RADARSAT“ – 2 сателити.

Тогаш било потврдено дека 15-годишното момче го открило големиот град со 30 градби и пирамида.

Медал за заслуга

Неговото откритие одекна во светот, а научниците од вселенската агенција неговата работа ја опишале како исклучителна и ја одликувале со медал за заслуга.

Тинејџерот во 2016-та година изјавил зошто Маите издигнале градови далеку од реките, на оддалечени подрачја опколени со планини:

„Мора да постои причина за тоа. А, бидејќи ги обожувале ѕвездите, едноставно сакав да ја докажам таа теза. Навистина бев изненаден и возбуден кога сфатив дека најсјајната ѕвезда одговара на положбата на градот“ – изјавило момчето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг