Марија Eye Cue ексклузивно за Точка: „Моите родители не ја прифаќаат врската со Бојан, веќе 4 години имаме формален однос“

Точка

19/06/2020

21:16

37.730

Големина на фонт

а а а

Пејачката од групата „Eye Cue“, Марија Ивановска, пред неколку денови со својата објава на социјалните мрежи ги 'раздрма' сите нејзини фанови.

Имено, Марија за првпат со нејзината публика сподели дека има тешка животна приказна, за која малкумина знаат.

Почитувачите на македонската музика и нејзините фанови, со денови прашуваат што се случува во нејзиниот живот, каква приказна се крие и како успеала досега да го задржи тој важен дел од нејзиниот живот само за себе.

Па токму затоа, денеска поразговаравме со Марија и пред објективот на нашата камера си ја отвори душата.

Пејачката веќе 4 години има формален однос со своите родители, бидејќи тие не ја прифаќаат нејзината љубовна врска со нејзиниот колега од групата Eye Cue, Бојан Трајковски.

Марија од 18 години живее самостојно, сама чекори по трнливиот пат на животот, без поддршка од нејзините родители.

„Да би можела да го вратам времето повторно би постапила исто, но овој пат би била попаметна, зашто што нема да ги правам истите грешки по вторпат“, вели Марија.

„Мора да признаам дека нашиот однос е доста формален, ја снема таа блискост што ја имаше претходно“, објаснува пејачката.

Дел од нејзината животна приказна слушнете ја во видеото.


Автор: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk