Министерот за здравство, д-р Венко Флипче, вчера беше гостин во дебатната емисија „Клик Плус“ на „ТВ 21“ и одговараше на многубројни прашања поврзани со актуелната ситуација во Република Македонија - коронавирусот.
Водителот кон крајот на емисијата го праша министерот: „Ваша гледачка на пресконференции со име Лиде Лиде постојано ве кани на кафе. Дали ќе пиете кафе со неа?“.
„Еве, веднаш штом ќе помине кризата. Да, ќе пијам“ - изјави Филипче низ насмевка во вчерашното интервју на „ТВ 21“.
Меѓу другото, тој уште еднаш упати апел до сите граѓани, да ги почитуваат мерките за одржување социјална дистанца и носење заштитни маски.
Правилата се едноставни, посочи министерот, а со нив ги штитиме и нашите здравствени работници кои што се жртвуваат за животите на многумина.
Погледнете го видеото: