Дали американскиот претседател Доналд Трамп има здравствени проблеми? Непосредно пред неговиот 74-ти роденден, повторно се зборува за неговата здравствена состојба.
Во текот на неговиот говор во воената академија „West Point“, Трамп не можел нормално да ја подигне чашата со вода, туку морал да ги користи двете раце.
Американските медиуми тврдат дека тоа не е првпат да се случи. Имено, неодамна се појави снимка во која што претседателот не може да го контролира движењето на десната рака.
Откако завршил со својот говор, од подиумот се симнувал многу споро и изгледал нестабилно, а целата ситуација сам ја искоментирал на социјалната мрежа Твитер.
„Сцената од која што се симнував по говорот, беше многу долга и стрмна, а што е најважно беше многу лизгаво. Последно што сакав да направам е да паднам, за ‘лажните вести’ да имаат со што да се занимаваат.
Во последните 10 метри забрзав, за да стигнам на рамно“ – напишал Трамп на Твитер.
Сепак, видеото покажува дека направил само два забрзани чекори. Трамп не коментирал зошто пиел вода држејќи ја чашата со двете раце.
Докторката Бенди Ли, психијатар, вели дека станува збор за невролошки знаци кои што укажуваат на потреба на снимање на мозокот.
Трамп и понатаму тврди дека е совршено здрав за своите години, а Белата куќа неодамна ги објави резултатите од прегледот, кои наводно го потврдуваат тоа што го изјавил претседателот Трамп.
Инаку, Трамп денес го слави својот 74-ти роденден.