Мицкоски : „Ниту 5-ти, ниту 8-ми јули. Првиот возможен датум за избори е средината на јули“

Точка

14/06/2020

14:32

3.970

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција го повика претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба и да се изработат протоколи за избори.

Мицкоски на прес-конференцијата изјави дека првиот можен датум за избори е средината на јули. Тој исто така се обрати до претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да не прави притисоци за претстојните избори.

Ставот на Мицковски е дека средината на јули е времето додека да се изработат протоколи, а потоа и да ''настапи'' и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

„5-ти јули не е опција за ВМРО–ДПМНЕ“ - изјави Мицковски и додаде дека тоа се двете барања. 

Она што е побарано од ОБСЕ/ОДИХР се оценувачи, а не набљудувачи, затоа што тие не можат да пристигнат навреме до 5-ти јули. Затоа не доаѓа предвид ниту 8-ми јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг