Здравствените работници ангажирани во справувањето со Ковид 19 наместо 40% од нето платата, на платежна картичка добија ''смешни'' 92 денари: Кој си поигрува со нив?

Точка

14/06/2020

11:28

2.586

Големина на фонт

а а а

Помпезно најавуваната мерка дека здравствените работници ангажирани во спраување со Ковид-19, ќе добијат картичка со 40%, пропадна во вода. Наместо 40%, добија смешни 92 денари, со кои може да купат домашни производи.

Габриела Илиевска е здравствен работник, вработена во Клиничката болница во Битола како медицинско-лабораториски аналитичар, истовремено и независен советник во Советот на Општина Битола. На последната седница на советот, таа е исмевана за добиените 92 денари.

Илиевска за ТВ21 вели дека не само таа, туку голем дел од нејзините колеги добиле смешни суми на пари.

„Вредноста на картичката немав намера да ја коментирам иако ја имав добиено пред неколку дена, бидејќи се надевав дека се работи за грешка и кај мене и кај моите колеги кои добија смешни суми. За жал на паузата на седница на совет, јавно бев повикана за сумата, а мислењето на советниците од власта за еден здравствен работник кој работел со Ковид-19 ќе оставам да го коментира јавноста“, истакна Габриела Илиевски. 

Министерката за финансии ја признава грешката, вели дека ќе има корекции. 

„Работници како што гласи уредбата добиваат 40% од основната нето плата, таа листа брои 4400 здравствени работници која што ја доставува Фондот за здравствено осигурување. Морам да посочам дека денеска се прави соодветна корекција на листата која што Фондот ќе ја достави до генералниот секретаријат, а тие ќе ја процесираат до банките за евентуални корекции, бидејќи истите потенцираа дека има грешки во однос на износите на нето платите“, посочи Нина Ангеловска. 

Во добивањето на платежна картичка со која може да се купуват само домашни производи опфатени се вработените во Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19.

Извор: „Тв21“



Спонзорирани линкови

Маркетинг