Заев: За првпат државата дава пари директно кај граѓаните

Макфакс

14/06/2020

10:23

892

Големина на фонт

а а а

За првпат државата дава пари директно кај граѓаните со цел да ја зголеми куповната моќ и да ја стимулира приватната потрошувачка, порача во видео-обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Како што вели тој, на овој начин поддршката стигнува до сите оние на кои им е потребна.

„Невработените лица и примателите на социјална помош добиваат финансиска помош од 9.000 денари Вработените со примања до 15.000 денари месечно и младите од 16 – 29 години добиваат финансиска помош од 3.000 денари.Ако спаѓате во некоја од наведените категории ве охрабрувам да ја посетите веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk за да се информирате за дали ви следува картичка, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање“, посочи Заев во обраќањето.

Тој додаде дека граѓаните нема да имаат никакви трошоци околу домашната платежна картичка, а средствата може да ги користат во угостителски објекти, продавници за храна и пијалаци, маркети и зелени пазари, аптеки, бутици и онлајн продавници. 

Заев нагласи и дека со брза и ефикасна трансформација, општеството побрзо и полесно ќе се справи со последиците и повторно ќе се врати на очекуваните стапки на раст на економијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг