Пендаровски попладнево на средба со претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

12/06/2020

15:33

741

Големина на фонт

а а а

На покана на претседателот Стево Пендаровски попладнево со почеток во 18:30 часот ќе се одржи средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пендаровски денеска во обраќање до јавноста порача дека нема потреба од воведување на нова вонредна состојба објаснувајќи дека ниту една од претходните четири вонредни состојби не биле воведени поради бројот на заразени и починати лица од коронавирус, туку за да може Владата да носи мерки во социјалната, економската и во здравствената сфера.

Претседателот воедно посочи дека доколку не се постигне договор за избори со опозицијата, тоа ќе значи влез во длабока политичка криза, која, како што рече, не е исклучено да премине во безбедносна криза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг