Триесет и девет проекти на основни и средни училишта од целата држава, се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3“ кој Фондот за иновации и технолошки разво
Она што охрабрува е дека и во услови на здравствена криза и затворени училишта, на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3“ дури 58 училишта доставија свои предлог проекти.
Целта на овој повик кој Фондот го спроведува веќе трета година е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.
Годинава прворангирано основно училишта е ООУ „Страшо Пинџур“ од Неготино, додека кај средните училишта најдобро рангиран е проектот на гимназијата „Орце Николов“.
Наградените училишта од целата земја, ќе работат на проекти во различни области од природните и технички науки. Во најголем дел предлог проектите се поврзани со истражување на полето на биологија, физика и хемија.
Вкупниот буџет на повикот е 6.000.000 денари. Поединечен предлог проект може да добие до 300.000 денари и дополнителни 30.000 денари за ментори, наменети за обуки, семинари, конференции што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.
Комисијата за избор и одлучување беше во состав: Нуран Кадриу Џамбази – претставник од Сектор средно образование при МОН, Илинка Тарчуговска – претставник од Сектор основно образование при МОН, М-р Валентина Гоцевска и М-р Владо Стојанов – претставници од Бирото за развој на образование, Слобoданка Филиповска – претставник на Здружението за поттикнување и подготовка на младите за успех во глобалната економија Џуниор Ачивмент Македонија, Елена Хаџи Пецова – претставник на Центар за развој на претприемачи и менаџери Цеед Македонија, како и Сандра Крстиќ и Неда Икономова Гавриловска од ФИТР.
Предизвикот беше отворен на 24 јануари. Поради новонастанатата ситуација со пандемијата со Ковид-19, на барање на училиштата рокот беше продолжен до 06 април. Во изминатите две години се поддржани 54 училишта со над 500 вклучени ученици.