Трамп: Ако десетина милиони чесни Американци ги наречеме расисти, не можеме да одиме напред

Точка

12/06/2020

13:40

1.629

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека неговата администрација повеќе нема да вложува во обука на полицијата и оценил дека САД не можат да напредуваат така што милиони Американци ќе бидат етикетирани како расисти.

Трамп по повеќе од две недели демонстранции против полициска бруталност, предизвикани од смртта на Џорџ Флојд, оценил дека на САД им се потребни помоќни полициски сили. 

Истакнал дека Американците се "добри и морални луѓе".

"Мораме да работиме заедно за да се спротивставиме на нетрпеливост и предрасудите, но нема да напредуваме ниту да ги излечиме раните ако погрешно етикетираме десетина милиони чесни Американци како расисти или луѓе со предрасуди", навел Трамп.

Тој во обраќањето повеќе пати ги пофалил полициските сили, а оние кои користат претерана сила го означил како "скапани јаболка".

Тој оценил дека обидот за расно помирување ќе оди брзо и лесно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг