Опаѓа бројот на починати од коронавирус во Велика Британија

Макфакс

12/06/2020

09:55

671

Големина на фонт

а а а

Во Велика Британија, 151 лице починало од коронавирус во изминатите 24 часа, во болниците и старечки домови, со што вкупната бројка на починати е 41.227, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Тоа е намалување во однос на средата, кога бројката на починати беше 245. Бројот на пријавени од страна на британската влада не ги вклучува сите смртни случаи од коронавирус во Велика Британија, па се верува дека бројот на почина надмина 52 илјади, јавува „Гардијан“.

Според Министерството, во текот на изминатите 24 часа биле тестирани 197.007 лица, од кои 1.266 биле позитивни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг