Кинезите на интернет го исмеваат начинот на кој Трамп се справува со корона-кризата

Макфакс

11/06/2020

17:52

884

Големина на фонт

а а а

Илјадници корисници на социјалните мрежи во Кина го исмеваат и го критикуваат американскиот претседател, Доналд Трамп, за начинот на кој тој ја третира кризата предизвикана од пандемијата, во време кога бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во САД надмина два милиона.

Корисниците на популарната мрежа „Веибо“ објавуваат саркастични коментари за одговорот на Трамп на пандемијата, оценувајќи ги неговите заложби и ставови како „историски напредок“ за САД.

Покрај потсмевот, некои корисници забележуваат дека ситуацијата во САД е депресивна и дека американскиот народ страда поради здравствените политики на властите, пренесува Би-би-си.



Спонзорирани линкови

Маркетинг