На денот кога е укинато ропството! Доналд Трамп одржува кампања во Тулса, на местото каде е извршен најголемиот расен масакр

Точка

11/06/2020

17:40

1.492

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да продолжи со кампањата за претседателските избори на 19-ти јуни во градот Тулса, во Оклахома, каде на 31-ви мај и 1-ви јуни 1921-ва година се случил најголемиот расен масакр во историјата на САД.

Освен местото за продолжување на кампањата, симболика носи и датумот бидејќи на 19-ти јуни се обележува Денот на еманципацијта, односно денот кога официјално било укинато ропството во САД. 

Се смета дека робовладетелството официјално било укинато тој ден, на 19-ти јуни 1865-та година, кога, со задоцнување од две години, во Тексас доаѓа веста дека претседателот Абрахам Линколн уште во јануари 1863-та година издал акт за еманципација со кој официјално се укинува ропството во сите држави на конфедералниот југ на САД.

Веста за продолжувањето на кампањата на Трамп е објавена во екот на масовните демонстрации во САД и во светот по повод бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис и против расизмот и полициската бруталност, известува BBC.

Од изборниот штаб на Трамп порачале дека Републиканската партија е горда на својата улога во победата на Унионистите во граѓанската војна и укинувањето на ропството во САД, иако американскиот претседател вчера го отфрлил барањето да се преименуваат сите воени бази кои носат имиња на генерали до Јужната конфедерација.

Според истражувањето на јавното мислење, Трамп во овој момент заостанува зад својот претседателски ривал од редовите на Демократската партија Џо Бајден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг