175 новозаразени и 5 починати од Ковид-19 во последното деноноќие во земјава - 131 пациент од Скопје

Точка

11/06/2020

13:29

4.540

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на Ковид-19.

Распоредено по градови сликата е следна:

- Скопје 131
- Куманово 24
- Штип 2
- Прилеп 2
- Тетово 5
- Струга 2
- Велес 4
- Охрид 1
- Гостивар 2
- Свети Николе

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60) примена на 5 јуни, пациент (64) примен на 8 јуни и пациент (59) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72) примен на 30-ти мај.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.

- Скопје 12
- Штип 1
- Тетово 3
- Велес

Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.




Спонзорирани линкови

Маркетинг