Кон средината на 80-тите години од минатиот век, поранешна Југославија можеше да се пофали со силна индустрија во која голем удел имаше и автомобилската.
Покрај „домашните“ автомобили на Застава во српски Крагујевац, во Југославија се произведуваа и бројни модели на гиганти како Опел, Ситроен и Рено, а во Босна и Херцеговина се произведуваше познатата „Буба“, како и еден од најпопуларните компактни хечбек автомобили на сите времиња – Голф.
Во босанската фабрика на Фолксваген во Вогошча се произведуваше првата и втората генерација на Голф, а најпопуларна беше „двојката“ која во тоа време имала статусен симбол во земјата. Имено, во тоа време биле потребни околу 96 просечни плати за да може да се купи овој автомобил, додека за Југо или Застава биле потребни околу 20, односно година и пол работа.
Фабриката за автомобили во Сараево била основана во 1970-та година со удел на Фолксваген од 49%. Војната за жал ја сопрела понатамошната експанзија и проширувањето на производството на Голф 3. Фабриката била затворена во 1993-та година после неколку произведени примероци на третата генерација на Голф.
Половина од производството на Голф било пласирано на словенечкиот пазар, по 20% во Босна и Херцеговина и Хрватска, додека преостанатите 10% биле продавани на пазарот во Македонија, Црна Гора и Србија.