Еден од советниците на Наќе Чулев е позитивен на Ковид-19

Точка

10/06/2020

10:59

2.053

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека еден советник од неговиот Кабинет е позитивен на Ковид-19.

„Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место“, нагласи Чулев.

Станува збор за Мухамед Исмаили, за кој МВР вели дека не се инфицирал на работно место.

Последен пат советникот бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен.

Последната средба на Министерот со лицето била на 24.05.2020.

Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација, се вели во информацијата на МВР и се додава дека министерството ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработените.




Спонзорирани линкови

Маркетинг