Дисциплински постапки за полицајците кои во Чаир дозволиле пазарување за време на полициски час

Точка

08/06/2020

14:47

1.784

Големина на фонт

а а а

По тридневниот карантин во Скопје, Министерството за внатрешни работи ќе поведе дисциплински постапки за полицајците кои не ги казниле лицата во Чаир кои пазарувале во продавница за време на полициски час.

Вчера „Телма“ сподели репортажа во која јасно се гледа дека и покрај карантинот и забраната за движење, продавница во Чаир работи, а граѓаните влегуваат и си пазаруваат како во деновите без ограничување.

Полициска патрола стоела на само неколку чекори од продавницата и не реагирала кога граѓаните си влегувале во продавницата.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ќе преземат мерки за полицајците во чија надлежност било тоа.

„За полициските службеници кои не постапиле во однос на лицата ќе биде покрената дисциплинска постапка и ќе се утврди нивната евентуална одговорност“, најавил министерот Чулев, пренесува „a1он“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг