Мигрантски тунели на српската граница! Голема акција на полицијата и војската, спречен продор во Европа

Точка

08/06/2020

12:28

4.117

Големина на фонт

а а а

Унгарската полиција минатиот викенд спречила повеќе од 300 мигранти да влезат илегално на територија на ЕУ.

Граничната полиција затекнала 54 лица кои се обиделе да ја прескокнат или исечат жичната ограда на унгарско-српската граница, додека 258 мигранти биле фатени во пограничната зона без документи. 

Меѓу нив најмногу има такви кои се изјаснуваат како Сиријци, потоа има граѓани на Ирак, Иран, Авганистан и Палестина.

Полицајците од Бач-Кишкун во соработка со унгарската војска, во близина на местото Морахалом, откриле тунел под жичната ограда на границата.

Унгарската полиција смета дека тунелот, со висина од 40 центиметри и должина од 24 метри, бил користен за шверц на мигранти од српска на унгарска страна.

Ова е третиот подземен премин кој унгарските погранични власти го откриле во последната година на тоа подрачје.

Гостувајќи на национална телевизија, Џерџ Баконди, советник за национална безбедност на унгарскиот премиер рекол дека илегалната миграција може да се сопре ако постои политичка волја кај земјите на нивниот пат да ги затворат границите само за нив.

По повеќемесечното затишје поради пандемијата и затворените граници, Унгарија од крајот на мај повторно бележи раст на бројот на мигранти кои се обидуваат илегално до дојдат до ЕУ. Минатата недела биле забележани речиси 900 обиди за илегален премин на границата.

Унгарските службеници повторуваат дека Унгарија нема да ја отстрани ограда на унгарско-српската граница, туку ќе ја зголеми одбраната на шенгенските граници за да ја сочуваат безбедноста на граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг