Полициска бруталност во САД: Оваа студентка била погодена со гумен куршум во лице...

Точка

06/06/2020

14:15

2.893

Големина на фонт

а а а

Студентката Зиле Сегура на социјалните мрежи објави видео на кое објаснува дека присуствувала на еден од протестите во округот Сан Диего, по што била погодена со гумен куршум во пределот на лицето.

„Работите мора да се променат и јас сакам да бидам дел од тоа. И јас сум црномуреста и тоа за мене е лично“, изјави Сегура за американските медиуми.

Таа откри дека протестот бил мирен, но полицијата неколку часа подоцна започнала да ги брка демонстрантите со солзавец и да пука кон нив со гумени куршуми. Еден од тие куршуми ја погодил во усната.

„Се свртив и видов полицаец на покривот, се гледавме во очи, а тој потоа пукна кон мене“, раскажува таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг