Во близина на Белата куќа испишана е оваа порака: Градоначалничката на Вашингтон го нарачала муралот...

Точка

06/06/2020

14:01

2.071

Големина на фонт

а а а

Низ една од најпознатите улици во Вашингтон со жолти букви е напишана пораката “Black Lives Matter”, односно „Животите на црнците се важни“.

Оваа порака напишана во пресрет на планираниот протест овој викенд се протега на два блока од 16-та авенија која води кон југ директно кон Белата куќа. Секоја од буквите се протега по целата ширина на улицата па така многу лесно овој огромен мурал се чита од воздух.

Ова го нарачала градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер од чија канцеларија соопштија дека работниците започнале да „сликаат“ уште вчера наутро.

Инаку, во Вашингтон повеќе од една седмица беа одржувани протести против полициската бруталност и расизмот во САД, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен од страна на полициски службеник при апсење во Минеаполис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг