Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Макфакс

06/06/2020

12:33

1.298

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво и да е решението, тие не можат да бидат особено задоволни.

„Не мислам дека би постигнал нешто со лажење и мамење на луѓето. Не е работа на претседателот на Србија да ги измами луѓето“, рече Вучиќ за ТВ Прва, посочувајќи дека ќе следи силен притисок врз Србија за Косово во наредните шест месеци или една година.

Тој додаде дека очекува специјалниот претставник на Европската унија, Мирослав Лајчак, да дојде во Белград и Приштина веднаш по изборите во Србија што се закажани за 21 јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг