Руски дипломати протерани од Чешка поради измислена приказна за отров, Русија најави контрамерки

Точка

06/06/2020

12:37

1.486

Големина на фонт

а а а

Властите на Чешка Република протерале двајца руски дипломати, по тврдењето дека руски агент во таа држава донел рицин. Русија протерувањето го оценила ако непријателски потег и најавила контрамерки.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш рекол дека целата приказна за рицинот е "измислена", односно дека станува збор за пресметка на две струи внатре во руската амбасада во Прага, и дека двајца дипломати се прогласени за непосакувани лица. 

Аферата избила откако руското списание "Респект" објавило приказна за акција на руски агенти кои донеле рицин во Чешка, за да организираат труење на неколку опозициски политичари.

Чешките власти таа информација ја отфрлиле како неточна и ги протерале руските дипломати.

"Според информациите кои ми ги достави разузнавачката служба, јасно е дека целата работа е производ на внатрешни судири во амбасадата на Русија во Прага", рекол чешкиот премиер.

Бабиш рекол дека оваа афера непотребно ги оптоварила односите на Чешка и Русија и нанела штета на руската репутација.

Русија, исто така го демантирала пишувањето на тоа списание, но најавила одговор на протерувањето на дипломатите.

##https://twitter.com/TheDuran_com/status/1269149164564168704?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг