Нова закана за природата: Во морињата и океаните веќе плутаат заштитни маски и ракавици

Точка

05/06/2020

17:06

2.072

Големина на фонт

а а а

Искористените заштитни маски и ракавици веќе плутаат во морињата и океаните, а еколошките активисти се плашат дека ова би можело дополнително да го оштети веќе нарушеното здравје на природата, пренесува “Euronews”.

Помеѓу шишињата, пластичните ќеси, конзервите и другиот отпад, од неодамна плутаат и заштитни маски и ракавици. Невладината организација “Operation Clean Sea” ги предупредува луѓето да не создаваат нов вид отпад кој дополнително ќе им ја отежни работата на оние кои веќе се борат за спречување на фрлањето пластика во морето и океаните. 

“Дали сакате да се капете со Ковид-19 ова лето?”, напишал активистот Лоран Ломбард во описот на видеото кое го објавил на Фејсбук.

Ваквиот вид отпад на различни начини стигнува до морињата, велат активистите, но она што е најважно е луѓето да престанат да ги фрлаат маските и ракавиците на земја по користењето.

“Фрлете ги во канта за отпадоци. Набавете маски кои можат да се перат. Користете сапун за миење раце, а не пластични шишиња со гелови бидејќи истите тие шишиња завршуваат во океаните откако луѓето ќе ги искористат”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг