Стриптиз во парламентот: "Јас зборувам за народот а вас ве шокира мојата кошула"

Точка

04/06/2020

20:00

2.056

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавила бизарна снимка од парагвајското собрание, каде пратеникот Хорхе Антонио Бритез за време на страсниот говор за важноста на отворањето на границите ја скинал својата кошула.

35-годишниот пратеник ја повикал владата повторно да го отвори мостот Ла Амистад на границата со Бразил, кој е затворен поради пандемијата на Ковид-19. 

"Не сакам никој да умре, но Сиудад дел Есте е затворен повеќе од 60 дена", рекол тој.

Тогаш ја скинал кошулата и продолжил со говорот велејќи дека 80 проценти од граѓаните на границата зависат од трговијата со Бразил.

"Мора да работиме, ги почитуваме сите протоколи. Јас се залагам за здравје, работа и образование за мојот народ, а вие сте шокирани поради мојата кошула", рекол тој.

Сиудад дел Есте во главно живее од трговијата со Бразил, кој е најлошо погодена земја во Латинска Америка со 32.548 потврдени смртни случаи, поради што парагвајските власти ги затвориле мостот и границата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг