Атмосферата во САД пред пукање: На улиците во Вашингтон има војници без обележја, паниката расте

Точка

04/06/2020

19:21

4.386

Големина на фонт

а а а

Жителите на Вашингтон стануваат се понервозни поради изненадното присуство на припадници на безбедносни сили без обележја, кои не сакаат да се идентификуваат пред граѓаните и новинарите, а кои се распоредени на улиците на главниот град на САД додека протестите продолжуваат.

Видео снимките и фотографиите од таинствените и тешко вооружени припадници на силите за безбедност веќе со денови кружат на социјалните мрежи, а многу од нив одбиваат да кажат за која државна агенција работат. 

Анонимноста на припадниците на силите за безбедност ги навела луѓето да велат дека тие повеќе личат на платеници, а не на вработени во Владата.

Еден жител од Вашингтон на Твитер соопштил дека главниот град на земјата се чувствува како да е "под некој вид на воена окупација".

Една видео снимка објавена денес покажува големи мажи без никакви идентификациони ознаки кои стојат покрај Белата куќа. "Одбија да ни кажат кои се", навел твитерџијата кој ја објавил снимката.

Некои од нив се идентификувале како одделение за правда, напишал новинар на "Mother Jones".

Се воспоставило дека барем некои од нив се затворски полицајци кои Федералното биро за затворска служба го пратило во Вашингтон на барање на обвинителот Вилијам Бар, пренесува "NBC". Во соопштението се наведува дека службениците немаат ознаки бидејќи служат во поширока мисија.

Демонстрантите кои протестираат се загрижени дека ако некој од споменатите мажи повреди некој, нема да има начин да биде идентификуван.

Изгледа дека Вашингтон не е единственото место на кое се појавиле припадници на силите за безбедност без обележја. Многу корисници на Твитер пишуваат за неидентификувани сили за безбедност на протестите во Филаделфија.

"Како некој да биде сигурен дали станува збор за вистински полицајци - се наведува во еден твит како одговор на фотографијата на човек облечен во црно со палка во рака за време на протестите во Филаделфија".




Спонзорирани линкови

Маркетинг