Каков грабеж во САД: Воз во движење, а тие земаат сè од него

Точка

04/06/2020

17:00

2.795

Големина на фонт

а а а

Демонстрациите во САД, кои започнале откако полицајци во Минесота го убиле Афроамериканецот Џорџ Флојд, имаат и своја мрачна страна. Многумина оваа хаотична состојба ја искористиле за грабежи.

Најновите снимки ни доаѓаат од Чикаго. Товарен воз кој бил во движење, буквално бил покраден. Возот пренесувал LED телевизори, а група луѓе влетала во вагоните изнесувала се што можела.

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата објавил дека ќе ја прати војската во најпроблематичните градови каде мирните демонстрации се претвориле во нереди, хаос и грабежи и порачал: "На Америка и треба создавање, не деструкција...безбедност, а не анархија...правда, а не хаос! Тоа е нашата мисија и ќе победиме, 100 % ќе победиме. Америка секогаш победува".

"Дадов заклетва дека ќе ги почитувам законите на нашата држава и тоа и ќе го направам. Сите Американци се шокирани и имаат мачно чувство во стомакот поради убиството на Џорџ Флојд. Мојата администрација е во целост посветена на тоа Џорџ и неговото семејство да добијат правда. Неговата смрт нема да биде залудна. Но, исто така, не смееме да дозволиме лутата маса, која краде, да преовладее над оние кои мирно протестираат и бараат правда. Јас како претседател ќе се борам да ги заштитам оние кои се нападнати, кои се исплашени. Ќе се борам да ве заштитам вас. Јас сум претседател на законот и редот и сојузник на сите мирни демонстранти. Но, последните денови нашата нација ја уништуваат професионални анархисти, насилни маси, криминалци, ограбувачи...Многу локални влади на држави и градови ја пропуштија можноста да ги заштитат своите мирни граѓани. Невини луѓе дивјачки се претепуваат, како оној млад човек во Далас кој беше оставен да лежи на улица, откако бил брутално претепан", рекол Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг