Стопирањето на вакцинацијата го става животот на милиони деца во ризик

Макфакс

04/06/2020

10:57

841

Големина на фонт

а а а

Милиони деца би можеле да умрат од болести кои што можат да се спречат, заради сериозни прекини во програмите за вакцинација предизвикани од коронавирусот, предупредуваат експертите.

Најмалку 68 земји се погодени со целосно прекинување на вакцинацијата. Од една страна стравот кај родителите да ги однесат своите деца на вакцина, но и медицинскиот персонал е презафатен со епидемијата на коронавирусот.

Светската здравствена организација ги советуваше многу земји да ги прекинат вакцинациите за да помогнат во забавување на ширењето на коронавирусот. Но, сега е една од неколкуте групи што изрази загриженост за долгорочното влијание.

„Се зголемуваат случаите на сипаници, дифтерија, колера“, вели извршната директорка на Обединети нации за деца (УНИЦЕФ), Хенриета Фор.

„Значи, ова ќе биде вистински проблем. Како свет, ние освоивме многу од овие болести што може да се спречат за децата“.

Сега, има сериозна загриженост овие придобивки да бидат „збришани“.

Во Нигер, според податоците, детската парализа, која може да предизвика парализа, па дури и смрт, исто така може да се врати, со оглед дека од февруари се пријавени четири нови случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг