Поранешниот американски министер за одбрана: Трамп сака да нè подели

Макфакс

04/06/2020

10:47

733

Големина на фонт

а а а

Угледниот американски генерал и поранешен министер за одбрана, Џејмс Матис, кој даде оставка во 2018 година, по одулката за повлекување на војниците од Сирија, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп поради начинот на кој се справува со масовните протести во САД.

Матис досега никогаш не го критикувал претседателот, но сега одлучи да го прекине молкот. Во коментар објавен вчера во

„Атлантик“, Матис го критикува Трамп и тоа една недела по избивањето на протестите поради смртта на Џорџ Флојд. Тој меѓудругото го обвинува Трамп дека и` наредил на војската да ги прекрши уставните права на граѓаните.

„Лут и запрепастен ги набљудував настаните оваа недела. Зборовите „Еднаква правда според законот“ се втемелени на ѕидот на зградата на Врховниот суд. Всушност, тоа демонстрантите со право го бараат, напиша Матис додавајќи дека тоа е барање зад кое сите би требало да застанат.

Не смеат тоа да ни го одземат оние малобројните кои го кршат законот. Протестираат десетици илјади совесни луѓе кои инсистираат на тоа да бидеме дораснати на нашите вредности како народ и нација“ пишува Матис.

„Доналд Трамп е првиот претседател во мојот живот кој не настојува да го обедини американскиот народ, дури не се ни преправа дека го прави тоа. Наместо тоа, тој сака да не подели“ порача Матис и додаде дека американскиот народ може да се обедини и без Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг