Поради убиството на неговиот татко гори Америка: Синот на Џорџ Флојд испрати силна порака

Точка

04/06/2020

10:25

1.236

Големина на фонт

а а а

Синот на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд вчера одржа говор на местото на смртта во Минеаполис и побара правда.

Квинси Мејсон Флојд, син на убиениот Џорџ Флојд им се заблагодари на новинарите и демонстрантите и изјави дека пристигнал на местото каде што бил убиен неговиот татко од страна на полицијата „во обид да дојде до правдата“.

„Ниту еден маж, ниту една жена не треба да останат без своите татковци. Затоа бараме правда за тоа што се случи овде“, изјави Квинси Флојд.

Замолен да даде коментар за глобалните протести кои избија во знак на поддршка против полициската бруталност и расизам, Мејсон Флојд изјави: „Им благодарам на сите кои ја искажуваат својата поддршка и љубов. Ви благодарам што го поддржувате моето семејство“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг