Ова се најбезбедните плажи во Европа: Неколку од нив во регионов, а на нив нема простор за страв од коронавирусот

Точка

04/06/2020

09:07

3.184

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот внесе страв во животите на луѓето ширум светот поради што многу од љубителите на патувањата не знаат дали ова лето е безбедно да се оди на море. Доколку ова прашање ве мачи и вас, можеби ќе може да ви помогнеме да го најдете одговорот.

Имено, организацијата на „Најдобрите европски дестинации“ решила да им го олесни изборот на дестинации на луѓето за летен одмор, па направила листа на најсигурни европски плажи.

Целта била да ги одредат местата кои што имаат најмал ризик од инфекција коронавирус.

Како што наведуват од организацијата, тие се воделе според најважните критериуми при изборот на морските крајбрежја, големината на плажите, како и проценката колку луѓе може да престојуваат на истите.

„Грција е една од европските земји која што најслабо била погодена од коронавирусот. Дури 50 пати е пониско нивото на зараза во Грција отколку во останатите земји во Европа, но без оглед на тоа мерките на претпазливост мора да бидат на сила поради сигурноста на туристите“ - соопштиле од организацијата.

На убедливо првото место се нашол градот Превеза (западен Епир) во кој се наоѓаат пространи градски плажи кои што даваат вистинско задоволство.

Во продолжение прочитајте ги 10-те најсигурни места од листата:

- Превеза (Грција)
- Компорта (Португалија)
- Хелски Провлак (Полска)
- Порто Санто (Португалија)


- Халикунас, Крф (Грција)
- Чајн Туфиех (Малта)
- Меиа Праиа (Португалија)
- Џурмала (Летонија)
- Нида (Литванија)
- Бинз плажа (Германија).



Спонзорирани линкови

Маркетинг