Бизарната масажа со месарски ножеви сè попопуларна на Тајван – дали би ја пробале?

Точка

03/06/2020

21:23

3.046

Големина на фонт

а а а

На Тајван е сè попопуларен третманот наречен “dao liao”, бизарна масажа со ножеви која ја враќа енергијата, стимулирајќи ја циркулацијата и враќајќи го балансот на телото.

Иако изгледа опасно, за “dao liao” што во превод значи “масажа со нож” или “терапија со нож”, се верува дека има физички и емоционални моќи на исцелување и е облик на кинеска медицина за која се смета дека е стара повеќе од 2000 години. 

Експертите велат дека овој третман првпат го извеле монасите во древна Кина. Тој се проширил кон Јапонија во династијата Танг пред повеќе од илјада години и на Тајван по кинеската граѓанска војна во 40-тите години, пишува “BBC”.

Иако денес во Кина и Јапонија е тешко да се најде некој кој ја практикува оваа масажа, таа повторно доживеала пораст на Тајван во последните години бидејќи луѓето на овој начин се обидуваат полесно да се справат со стресовите на модерниот живот.


Масажата со ножеви подразбира, масерите наместо раце да користат ножеви со кои го насочуваат протокот на позитивна и негативна енергија од кожата на личноста која ја масираат.

Цената на третманот изнесува околу 40 долари, а клиенти можат да бидат сите – од деца до 100-годишници.


Образовниот центар во Тајпеј речиси 4 децении оспособува практичари. Во Тајван се наоѓаат 36 филијали од кои 15 се отворени во последните 5 години. Тие учат луѓе од целиот свет, од Јапонија до Хонгконг, Франција до Канада.

Денес луѓето сè почесто го бараат ваквиот третман со ножеви за олеснување на физичките тегоби, подобрување на квалитетот на сонот и полесно соочување со секојдневниот стрес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг