Богдан влетал со камион меѓу демонстрантите, неговата бремена жена сега моли за помош

Точка

03/06/2020

16:03

4.290

Големина на фонт

а а а

Бремената сопруга на Богдан Вечирко, кој со цистерна влетал меѓу демонстрантите, сега ги моли луѓето да и помогнат.

Бремената сопруга на Богдан Вечирко, кој во неделата со камион влетал меѓу демонстрантите во Минесота, ги моли луѓето ширум светот за помош за да може да плати адвокат и да го извлече својот сопруг од затвор. 

Рекла дека е во осмиот месец од бременоста и додава дека нејзиниот сопруг е претепан, ограбен, а дека камионот му е уништен.

"Нашите картички се блокирани. На Богдан му го украдоа паричникот, телефонот и се што имал во кабината на камионот", вели во видео снимка Људмила, додека се држи за својот стомак.

Роднините на Богдан тврдат дека тој не влетал намерно во масата.

"Сигурни сме дека не сакал да повреди никого. Не влетал намерно меѓу луѓето", тврдат најблиските на Богдан.

Вечирко бил уапсен веднаш по инцидентот и од тогаш се наоѓа во притвор. Меѓутоа, против него уште не е поднесено обвинение.

"Никој не настрадал во таа несреќа и не постојат докази дека Богдан пробил некаква бариера за да им се доближи на демонстрантите. Постапка против него сигурно ќе има, но ќе видиме што се стои во обвинението", соопштиле од обвинителството.

Сведоците на инцидентот велат дека Богдан не сопрел, туку со полн гас влетал во масата.

Инцидентот се случил на мостот "I-35w", каде повеќе илјади луѓе протестирале поради убиството на Џорџ Флојд. На снимката може да се види како цистерната со која Богдан управувал со голема брзина се доближува до мостот додека луѓето во паника бегаат. Камионот потоа нагло забавува и сопира.

Во следниот момент бесната маса го извлекла Богдан од камионот, го соборила на земја и почнала да го тепа. Набрзо пристигнала полицијата која му ставила лисици и го одвела директно во болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг