„Реалноста стана црна“: Се појави реклама за 6-та сезона од серијата „Black Mirror“ иако не постои...

Точка

03/06/2020

15:31

960

Големина на фонт

а а а

Пред околу еден месец Чарли Брукер, творецот на феноменалната серија „Black Mirror“ во радиската емисија изјавил дека шестата сезона од серијата се очекува, но поради моменталната состојба сè уште не почнла да се снима.

Во текот на разговорот тој објаснил дека мрачната иднина која што се презентира во серијата моментално не ја прави погодна за луѓето.

„Во овој момент, не знам кој би можел да прифати приказна за општествата кои што се распаѓаат“ - објаснил и додал дека поради тоа сега моментално не се работи на новите епизоди на серијата. 

Многумина сметаат дека Брукер бил во право кога одлучил да се одложи снимањето на шестата сезона, со оглед на тоа што некои од луѓето велат дека моментално живееме една од епизодите на серијата.

Откако почна пандемијата коронавирус, видовме кучиња роботи кои што патролираат во Сингапур, а „Apple“ и „Google“ ги соединија силите за да создадат аплиакција за следење.

Реалноста на сите речиси им изгледа како надреална во епизодите на „Black Mirror“.

„Поминаа месеци откако сè што се случува во светот изгледа како да живееме во втората епизода на „Black Mirror““ - коментирале од агенцијата.

„На Нетфликс петтата сезона од серијата е последната која што може да ја гледате, шестата се случува во реалноста“.

Рекламата може да се види околу мадридските автобуски станици. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг